Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, денеска изјави дека јапонскиот премиер Фумио Кишида неодамна изразил желба да се сретне со лидерот на Северна Кореја.
Ким посочи дека таквата средба не зависи само од волјата на Кишида и дека Јапонија ќе се смета за непријател „кога јасно ги крши суверените права на Демократска Народна Република Кореја“, но додаде дека двете земји можат да отворат нова иднина ако Јапонија одлучи на патот на меѓусебното почитување, пренесува Ројтерс.
Агенцијата АП наведува дека некои експерти проценуваат дека Северна Кореја сака да ги подобри односите со Јапонија за да го ослабне трилатералното безбедносно партнерство на Токио, Сеул и Вашингтон и дека Кишида со овој потег сака да го зголеми својот опаѓачки рејтинг во Јапонија.
САД и Јужна Кореја ги прошируваат заедничките воени вежби и трилатералните вежби со Јапонија од 2022 година како одговор на тестовите на оружје на Пјонгјанг.