Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво по терористичкиот напад во Москва

677z381_emanuel-makron.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Франција, на предлог на претседателот Емануел Макрон, ја подигна безбедноста на највисоко ниво по терористичкиот напад во Москва, објави францускиот премиер Габриел Атал.

„Со оглед на тоа што Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Москва, како и поради заканите за нашата земја, решивме да ја подигнеме безбедноста на највисоко ниво“, рече Атал на платформата Икс (Твитер).

Во терористичкиот напад извршен во петокот во концертната сала „Крокус сити хол“ кај Моксва, според последните податоци загинале најмалку 137 лица, а 180 се повредени.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK