Вучиќ: Не се согласуваме со распарчување на Србија

vucic2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Тие се обидоа да ни ја распарчат државата, а поминаа 25 години и се уште не се откажуваме, не се согласуваме со распарчување на Србија“, изјави вчера српскиот претседател Александар Вучиќ на државната комеморација по повод 25. годишнина од почетокот на бомбардирањето предводено од НАТО.


Во цела Србија вчера со серија комеморации беше одбележана 25-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз поранешна Југославија, во кои, според официјалните проценки, загинаа околу 3.500 војници, полицајци и цивили, меѓу кои 89 деца, а околу 6.000 луѓе биле ранети, додека економската штета се мери во милијарди долари.

Западниот воен сојуз започна со напади на територијата на СРЈ на 24 март 1999 година во 19:45 часот по одбивањето на Белград да го потпише договорот од Рамбује за Косово. Одлуката за бомбардирањето е донесена како преседан во историјата на ОН, без одобрение на Советот за безбедност, бидејќи членките на НАТО, поради ветото објавени од Русија и Кина, не успеале да добијат согласност од Советот за безбедност на ОН.

Амбасадорите на водечките западни земји во саботата објавија соопштение во кое ги појаснија причините за започнувањето на воздушните напади на НАТО, нагласувајќи дека „Операцијата Сојузничките сили е дизајнирана да го принуди Слободан Милошевиќ, тогашниот претседател на СРЈ, да престане со злоупотребата на цивилното население во Косово, за да се спречи хуманитарна катастрофа и да се овозможи враќање на бегалците и раселените лица, а хуманитарните организации пристап до Косово“.

Воздушните напади траеја до 10 јуни 1999 година, кога во Куманово беше постигнат договор со кој беше наложено повлекување на воените и полициските сили од Косово и формирање на Привремена административна мисија на ОН (УНМИК).

„Вие не ја завршивте вашата валкана работа да ја разбиете оваа земја на парчиња затоа што овој народ е посилен, а Србија е посилна. Србија ќе се спротивстави, не можете да ни ја одземете слободата, нема да ја дадеме и никогаш нема доброволно да се согласиме да го земете Косово. Кои сме ние и што сме без Србија? Никој и ништо“, рече Вучиќ вчера во Прокупље, на југот на Србија, каде се одржа централната комеморативна манифестација.

Годинава, додаде тој, „некои се обидоа да ни објаснат дека бомбардирањето е неопходно поради нас, за Србија да оди напред во иднината“. А во следната реченица велат дека веруваат дека Србија и Косово заедно ќе гледаат кон иднината“, рече Вучиќ.

Доста е убивање, додаде Вучиќ, оценувајќи дека на Србија и претстои добра иднина. „Пред нас е добра и голема иднина за Србија, која ќе знае да се брани“, рече српскиот претседател.

На комеморацијата во Прокупље, заедно со српскиот државен врв, присуствуваа и претседателот на босанскиот ентитет на Република Српска, Милорад Додик и поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије, кој служеше помен на жртвите за време на тримесечно бомбардирање во 1999 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK