Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 17 часот и 10 минути на улица „29 Ноември“ во Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец В.К..
Тој претходно бил пријавен од неговата 20-годишна сопруга дека физички ја нападнал.
Бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок, соопшти полицијата.