Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон наводно се вознемирени поради сите теории на заговор кои се појавија за здравјето на принцезата и нејзиното отсуство од очите на јавноста. Кралската аналитичарка Кејти Никол откри дека од извор знае дека и принцот Вилијам и принцезата Кејт се прилично шокирани и искрено изненадени од хаосот предизвикан од гласините.
„Мислам дека има чувство на фрустрација, можеби дури и лутина, секако од страна на Вилијам. Имаат профил на Инстаграм и стотици илјади следбеници. Тие не живеат на седмо небо, свесни се за што се пишува и зборува. И мислам дека има чувство на фрустрација што не можат да стават крај на сè“, рече таа.
Никол додаде дека мисли дека неодамнешната слика на Кејт Мидлтон во посета на фарма во Виндзор „ќе ги намали сите ужасни шпекулации за принцезата од Велс“.
„Ќе помислите дека видеото на кое Кејт се шета со Вилијам како носи торба за пазарење, и изгледа прилично здраво и среќно, ќе ги ублажи сите шпекулации што кружат на интернет веќе со недели. Но, неверојатно, многу од овие теории сè уште кружат“, рече таа.
„Page Six“ се обиде да стапи во контакт со претставници на кралската двојка, но тие не беа достапни за коментар.
Видеото од Кејт Мидлтон како шета со Вилијам за време на викендот беше првото јавно појавување на принцезата од Велс по Божиќ. Сепак, ова не можеше да убеди многумина дека навистина се работи за принцеза во видеото. Неколку од нив посочуваат дека тоа е двојничката на Кејт, Хајди Аган.
Аган, која е означена како „најреалистичната Британка налик на Кејт Мидлтон“ на Инстаграм, проговори во вторникот, велејќи за „Mirror“ дека таа не била во спорниот клип.
„Луѓето на социјалните мрежи полудуваат, затоа што мислат дека сум јас, а јас не сум, тие 100 отсто веруваат дека навистина се Вилијам и Кејт во видеото“, рече таа.
Во јануари, палатата Кенсингтон објави дека Мидлтон била подложена на операција на стомакот и дека ќе се врати на јавните обврски по Велигден.
Додека мајката на трите деца закрепнува, луѓето продолжуваат да го анализираат секој потег на кралското семејство.
Таа го прекина својот повеќемесечен молк на социјалните мрежи на 10 март објавувајќи фотографија за Денот на мајката со нејзините деца, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5).
Сепак, фановите веднаш забележаа неколку грешки при уредувањето на сликата и истакнаа дека се е монтирано. Поради забележливи грешки, неколку познати агенции ја отстранија сликата од своите портали. Хаосот дополнително го подгреа објавата на палатата Кенингтон дека Кејт Мидлтон е таа што ја уредувала сликата, бидејќи, како што е објаснето во објавата, таа сака да „експериментира“ со фотошоп.
На социјалните мрежи се појавија различни теории, како онаа, дека принцезата е во кома, дека починала и дека нејзиниот брак со Вилијам завршил поради неговата врска со Лејди Роуз Ханбери.
Гласините за измама, кои датираат од 2019 година, исто така „многу ја вознемириле и шокирале“ Лејди Роуз. Таа ги демантираше гласините претходно оваа недела преку своите адвокати.
Последните информации за принцезата се поврзани со клиниката каде што била оперирана.
Имено, во таа болница дошло до нарушување на безбедноста, бидејќи вработените во таа институција биле обвинети дека се обиделе да пристапат до нејзината приватна медицинска документација.
Еден од вработените рече дека тоа е големо нарушување на безбедноста и неверојатна штета на болницата, со оглед на нејзината неповредена репутација во лекувањето на членовите на кралското семејство.
Директорите на болницата веднаш стапиле во контакт со Кенсингтонската палата и ја увериле за истрага.