Две бонус прашања од Николоски за Пендаровски: Каде го донира делот од покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите како поранешен претседател бидејќи ќе изгуби

nikoloski_234234234423423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според моите сознанија имало одредена средба на Стево Пендаровски со одредени лица и прашав дали е вистина или не дека бил посетен од стратегисти, изработувачи на кампањи и луѓе   кои се на работ на она што се вика закон во делот на политичка кампања кои се по потекло едниот од Изреал и другите од Хрватска и Романија. Прашав која е целта на нивната посета, дали тие ќе бидат ангажирани во неговата кампања и доколку бидат ангажирани кој ќе го плати тоа и дали тоа ќе биде пријавено имајќи предвод дека има строги закони во делот на финансирање на изборна кампања. Наместо да одговори на ова прашање Пендаровски тој даде одговор со лични навреди кон мене, јас немам проблем да ме навредуваат се занимавам со политика долго време не сум од вчера, но откако ќе завршат личните навреди пак треба да се одговори на прашањето, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата на Неготино.

„Така што еве втор пат му давам шанса, може пак да одговори со навреди, но откако ќе заврши со личните навреди кои мене не ме допираат, го замолувам да одговори на прашањето. Еве да одам чекор напред да прашам дали тој стратегист е истиот стратегист кој е во користен во Република Србија за потребите на претседателот на таа држава“, кажа Николоски.


Николоски додаде „Стево Пендаровски нека каже дали е така или не, ако е така нека каже зошто се среќавал со него, ако не е така нека каже не е така, а не лично да навредува и сега бонус уште две прашања“.

„Прво, дали ќе покаже на јавноста и ќе ги извади трансакциските сметки каде ја донира разликата во плата  затоа што тој беше „најпаметен“ од сите државни функционери  и рече дека не му била потреба покачена плата и дека ќе ја донира, што значи дека или многу скромно живее или е криминалец да бидам директен затоа што ако не живеете од плата или сте многу скромен или имате други приходи кои во политика можат да бидат само криминални и нека ги извади трансакциските сметки зошто се знае како се дава донација од трансакциска на трансакциска. И второ, имајќи предвид дека ќе изгуби на претседателските избори дали ќе остане на зборот што го даде пред 5 години кога се кандидираше за претседател дека по завршување на мандатот нема да ги користи привилегиите кои им следуваат на поранешните претседатели“, вели Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK