„Пратеникот од редовите на ДПМНЕ и носител на изборната листа во третата изборна единица Драган Ковачки, бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат. Ковачки не ги исполнува стандардите за да добие НАТО безбедносен сертификат“, соопшти СДСМ.
„Ова е уште една потврда дека со ДПМНЕ е можна само изолација но и дека кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност.
Што било клучно НАТО да го одбие Ковачки? Дали Ковачки оддавал воени или државни тајни? Дали бил шпион против државата?
За сите овие прашања треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ.
Едно е јасно, кадрите на Мицкоски не ги исполнуваат критериумите на НАТО, тие се против НАТО и против ЕУ
Со ДПМНЕ е можна само изолација и оддалечување од НАТО и ЕУ“, се наведува во соопштението на СДСМ.