Арсовска изврши увид во градежните работи на проектот за изведба на водоводна мрежа во Чучер Сандево

ar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со екипи од скопските јавни претпријатија денес извршија увид во градежните работи на проектот за изведба на водоводна мрежа на потег од 1 километар на улицата Бел Камен во Чучер Сандево, проект кој се реализира со меѓуопштинска соработка.


Со реализацијата на овој проект, како што соопшти нејзиниот кабинет, се решава горлив проблем на жителите на општина Чучер Сандево, чии потреби повеќе од 30 години беа заборавени, а барањата игнорирани. Поради старата и дотраена водоводна мрежа во овој дел жителите се соочуваат со чести дефекти, а со поставувањето на оваа нова мрежа се врши и преповрзување на постојните објекти, односно на 110 приклучоци, со што обезбедуваме поквалитетен живот на нашите сограѓани.

Градежните активности на терен опфатија реконструкции на 10 улици, краци на улицата Бел Камен кои припаѓаат на територијата на општина Чучер Сандево од кои 8 се веќе завршени, а со оваа инвестиција се обезбедува напуштање на досегашната водоводна мрежа која е несоодветна и со незадоволителен профил.

„Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на овие предизвици е еден од приоритетите“, се додава во дописот од оваа институција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK