(Видео) Путин за прв пат го проговори името на Алексеј Навални: Сме имале и други случаи кога луѓе умирале во затвор

r.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин за прв пат, по неговата нова изборна победа, го изговори името на сега веќе починатиот опозиционер Алексеј Навални.


Според прелиминарните резултати, Путин освоил околу 87 отсто од гласовите и обезбедил уште еден шестгодишен претседателски мандат.

Тој им се обрати на поддржувачите и на медиумите од неговиот изборен штаб, каде беше прашан и за Алексеј Навални, кој почина во затворска колонија во февруари.

Ова е првпат Путин да го изговори името „Навални“ откако лидерот на опозицијата беше отруен и приведен во Русија.

 

„Што се однесува до господинот Навални. Да, тој почина. Ова е секогаш тажен настан. Сме имале и други случаи кога луѓе умирале во затвор. Зарем тоа не се случи во САД?“, праша тој..

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK