Додик воодушевен од победата на Путин

yh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, беше воодушевен од победата на Владимир Путин на претседателските избори во Русија и меѓу првите му честиташе, изразувајќи го своето задоволство од изборната победа на „мудриот државник“.


По објавувањето на податоците, според кои Путин на изборите освоил повеќе од 87 отсто од гласовите, Додик веднаш се огласи со порака на социјалната мрежа Х, во која тврди дека овој резултат е „прифатен со радост кај српскиот народ“ бидејќи тие го гледаат како пријател на кој секогаш можат да се потпрат.

Во исто време, Додик со одбрани зборови го пофали рускиот автократски лидер.

„Среќни сме што рускиот народ избра сериозен, одговорен и мудар државник за свој водач, бидејќи тоа е гаранција дека традиционалните вредности ќе се задржат во денешниот свет и дека нема да стане место каде што самоизбраните можат да одлучуваат на се“, напиша Додик.

Актуелниот претседател на Република Српска најави и дека зградата во која се наоѓа неговиот кабинет во Бања Лука ќе биде осветлена во боите на руското знаме во понеделник вечер во чест на победата на Путин.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK