Како до фриленсинг во областа на финансиите? – Ново издание на „Од почетник до успешен фриленсер“

Frilensing vo oblasta na finansiite
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во четврток (21.03.2024) со почеток од 18:00 часот во Стартап Клуб Скопје ќе се оддржи новото издание на настанот „Од почетник до успешен фриленсер”, овој пат во соработка со Melita&Partners.

Присуството на настанот е бесплатно, а потребна е само претходна регистрација на следниов ЛИНК.


На ова издание на настанот кој ја обединува фриленсерската задница во земјава, ќе говорат: Мелита Јмерага, основач на компанијата Melita&Partners и креатор на платформата KUDO Become Freelance Digital Accountant; и Билјана Киселички, фриленс сметководител и експерт за истражување на финансиски измами.

Тие ќе го споделат своето знаење како успешно градат интернационални фриленс кариери во областа на финансиите и како со помош на дополнителни доедукации и применети алатки успеале да остварат долгорочни соработки со многу клиенти од различни дејности.

Овој настан го организира Импакт Фондација и истиот се реализира во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените”, поддржан од Амбасадата на САД. Целта на овој проект е да се подобри пристапот на младите до можности за обука и вработување преку промоција на фриленсингот како кариера.

„На настанот се поканети да присуствуваат и да се вмрежуваат сите веќе активни фриленсери, но и оние кои допрва влегуваат во фриленсерските води. Овој пат акцентот на говорниците ќе  биде ставен на една помалку позната област во фриленсингот. Присутните ќе имаат можност да добијат вредни сознанија и увиди за тоа како да се биде успешен фриленсер на полето на финансиите, како да се применуваат некои корисни платформи и алатки и како да се негуваат цврсти и доверливи партнерства со меѓународни клиенти“ – истакнува Огнен Јанкуловски, проект координатор од Импакт Фондација.

Проектот е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK