(Видео) Спектакл на „Олд Трафорд“ – Јунајтед во 121. минта го елиминираше Ливерпул од ФА купот

12103431.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер јунајтед се пласира во полуфиналето во ФА купот. Претходно пласман во полуфиналето изборија Манечестер сити, Члеси и Ковентри. „Црвените ѓаволи“ во исклучително интересен натпревар го победија Ливерпул со 4:3. Натпреварот ворегуларните 90 минути заври без победник 2:2. Првото продолжение му припадна на Ливерпул, а во второто Јунајтед со два гола обезбеди полуфинале. Апсолутен херој на Јунајтед е Амад Диало кој голот за победа го постигна во 121. минута.


Тимот на Ерик тен Хаг двапати губеше, но на крајот успеа сурово да го казни Ливерпул, кој можеше уште во регуларниот дел да ја заврши работата.

Се започна со голот на Скот Мектомини во 10. минута, а дваесет минути подоцна Шкотланѓанецот имаше уште една одлична шанса, но Келехер извонредно реагираше.

Ливерпул потоа постигна гол, стрелец беше Ватару Ендо, но ВАР реагираше и го поништи поради офсајд.

Тоа не ги спречи гостите да стигнат до пресврт пред паузата. Најпрвин во 44. погоди Алексис Мекалистер, а во втората минута од судиското надополнување Мохамед Салах ја затресе мрежата на Андреа Онана за 1:2.

Двата тима имаа добри шанси во продолжението, особено Ливерпул, но Јунајтед беше тој кој избори продолженија со голот на Антони во 87. минута.

Во продолженијата први се радуваа гостите од „Енфлилд“, во 105 минута гол постигна Харви Елиот.

Драмата не заврши тука, бидејќи Маркус Рашфорд го искористи додавањето на Мектомини во 112. минута и го израмни резултатот.

И кога се чинеше дека пеналите ќе го одлучат победникот, на сцена стапи Амад Диало, кој во контра ја казни грешката на Елиот во 121. минута од натпреварот, за целосен делириум на „Олд Трафорд“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK