Растат заканите од тероризам во регионот, предупредува Курти

kurti2-1068x714-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека се зголемуваат заканите од тероризам и агресија во регионот, што ја прави евроатлантската интеграција на Косово исклучително важна, пренесува „Коха“.


Според него, eвроинтеграцијата на Косово е важна за мирот на Западен Балкан.

„Во време кога заканите од тероризам и агресија во регионот се зголемуваат, интеграцијата на Косово во евроатлантските институции е поважна од кога било досега за мирот, безбедноста и човековите права на Западен Балкан“, рече Курти.

Потсетувајќи се на немирите од март 2004 година, Курти денеска на „Фејсбук“ напиша дека настаните од тој период потсетуваат дека мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово и дека треба да се одржуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK