Од лагите на СДС пензионерите видоа само полош живот и сиромаштија, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Со-години-Палевски-е-во-етерот-ширејќи-говор-на-омраза.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пензионерите најмногу ги чувствуваат штетните последици од лошото владеење на СДС и ДУИ, економската катастрофа и високата инфлација поради која едвај го поминуваат месецот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Реалноста е дека со оваа власт на повеќето пензионери парите од пензиите не им се доволни ни за храна и сметки кои значително поскапеа, а камо ли за лекови кои им се неопходни. Впрочем да им беше убаво на пензионерите немаше да протестираат и да бараат денар повеќе за да преживеат. И додека СДС лажат и манипулираат мислејќи дека постои некој кој ќе им поверува, пензионерите не може достоинствено да ги живеат своите пензионерски денови и се борат за гол живот и она што им следува. Од тие лаги на СДС пензионерите видоа само полош живот и сиромаштија. За среќа, на тоа му доаѓа крај и за брзо доаѓа нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе го врати достоинството на пензионерите, нуди реална помош и пензиите ќе се зголемат линеарно за 5.000 денари во рок од една година. Ниедна лага нема да ги спаси СДС од огромниот пораз кој ќе им се случи на 8 мај. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, велат од партијата.

Претходно, пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска – Ванчева, кажа дека додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, ДПМНЕ и Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу.

„За жал, кандидатката на опозициската партија, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ. На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на белата палата, нов партиски послушник. Не ни треба реприза на Иванов, не ни трева уште една деценија да изгубиме заглавени на патот кон Брисел. Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа ќе излезат на избори и ќе изберат европска иднина со СДСМ и Пендаровски. Ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација и враќање назад“, кажа Калевска-Ванчева.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK