Ѓоковиќ проговори за прескокнувањето на Мајами: „Во овој дел од кариерата морам да балансирам…“

novak.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред неколку дена најави дека ќе го прескокне турнирот во Мајами, откако загуби од Лука Нарди во третото коло на Индијан Велс.


Тоа автоматски значеше дека следниот пат кога ќе го видиме е во април во Монте Карло на земјена подлога, а Србинот итно се огласи на социјалните мрежи за својата одлука денеска.

Тој објасни дека во овој дел од кариерата мора да балансира и да носи важни одлуки за да биде најподготвен.

– Здраво, Мајами! За жал, оваа година нема да играм на Мајами опен. Во овој дел од кариерата морам да го балансирам приватниот и професионалниот живот. Жал ми е што нема да играм пред некои од најдобрите и најстрасните фанови на планетата. Со нетрпение очекувам во иднина да се натпреварувам во Мајами – изјави Ѓоковиќ.

Бидејќи и лани не играше на овој турнир, нема да загуби ниту еден бод на АТП листата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK