Пензионерите за Гордана Силјановска Давкова се „Мапет шоу“, велат од СДСМ.
„„Аман од Мапет шоу и од оние старците“ – тоа е потценувачкиот и навредлив став и однос на Силјановска кон пензионерите, кон нашите повозрасни граѓани, кои ја граделе државата, кон нашите родители, баби и дедовци. Добро им е познато на граѓаните како ДПМНЕ, 11 години ги манипулираше пензионерите, им фрлаше трошки, само пред избори. Сличен однос најави и со ветувањето дека ако дојде на власт ќе им ги зголеми пензиите на сите пензионери за 5.000 денари, за наредниот ден да се премисли дека тоа би можело да случи, ама покачувањето да биде на рати од по 500 денари.“, пишува партијата.
Оттаму додаваат дека „за разлика од ДПМНЕ, СДСМ во изминатите години на дело покажа и докажа што е вистинска грижа за пензионерите. Со новата методологија на пресметка на пезниите, која Владата предводена од СДСМ ја сработи заедно со пензионерите, пензионерите добиваат во просек 6.000 денари повеќе. Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Воедно, минималната пензија денес е за речиси 50% повисока од пензијата во 2016 година. И во време на кризите изминатите години, економската, енергетската, здравствената, кризата предизвикана од војната во Украина, СДСМ не заборави на пензионерите“.
СДСМ најави дека со новата програма предвидува се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старост на пензионерите.