САД: Ако Иран испрати проектили во Русија, Г7 би можел да ги забрани летовите на „Иран Ер“ во Европа

iran-er.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјите од Г7 се подготвени да воведат нови санкции кон Иран, вклучително и забрана на „Иран Ер“ да лета во Европа, доколку земјата и испорачува на Русија балистички ракети со краток дострел, изјави денеска американски претставник.


„Нашата порака денес е – ако Иран објави најава за снабдување на Русија со балистички ракети, одговорот на меѓународната заедница ќе биде брз и жесток“, изјави функционерот.

Соединетите Држави им се приклучија на сојузниците од Г7 во соопштението во кое го предупредуваат Иран да не префрла ракети во Русија, откако Ројтерс објави дека Техеран и испратил на Русија голем број ракети за да ја нападне Украина.

Американски официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека една опција што се разгледува е „запирање на летовите на Иран Ер“ кон Европа. Тој рече дека САД не успеале да потврдат дека Иран веќе и доставил ракети на Русија, но дека е јасно дека Техеран има обид да ги заврши преговорите за ова прашање со Москва.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK