ПИВАРА СКОПЈЕ ГО ПРОШИРУВА ПОРТФОЛИОТО СО ПРОИЗВОДИТЕ НА BACARDI-MARTINI, FINLANDIA И THREE CENTS

слика 3
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пивара Скопје континуирано го развива своето портфолио за да нуди пијалаци за секоја пригода во текот на денот и да биде 24/7 партнер за пијалаци на купувачите и потрошувачите, што е и една од најважните стратешки заложби на компанијата. Ова вклучува проширување со врвни понуди за жестоки пијалаци и додавање нови категории.

Пивара Скопје ја презема дистрибуцијата и започна со продажба на вотката Finlandia  во февруари 2024-та година, а од март, дел од портфолиото на Пивара Скопје се и производите на втората најголема компанија за жестоки пијалаци во светот – Bacardi – Martini.


Во новата понуда можат да се најдат светски познатите брендови како Bacardi, Martini, Bombay Sapphire, Grey Goose, Patron, Camino и St. Germain.

Покрај понудата за жестоки пијалаци, Пивара Скопје воведе новитети и во портфолиото на безалкохолни пијалаци со  премиум тониците и содите Three Cents, бренд основан од тим на прогресивни бармени во потрага по совршениот миксер. Станува збор за премиум газирани пијалаци без какви било презервативи и вештачки бои.​

Ова значајно проширување на портфолиото беше одбележано со настан за лансирање кој се одржа во Националната опера и балет во чии рамки беше одржана кратка презентација на брендот Bombay Sapphire од Питер Гозон – бренд амбасадор за Bacardi од Унгарија, додека Александрос Сурбатис – глобалниот бренд амбасадор за Three Cents од Грција го презентираше овој уникатен бренд пред присутните.

Со проширувањето на портфолиото, Пивара Скопје дополнително ја зајакнува позицијата на нивните брендови како прв избор за премиум квалитетно искуство, и продолжува да испорачува најдобар квалитет додека истовремено создава дополнителна вредност и останува посветена на постигнување континуиран раст заедно со сите партнери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK