Бред Пит повторно ја победи Анџелина на суд

Бред-Пит-конечно-е-среќен-со-26-години-помладата-Инес.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Холивудскиот актер Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли поради имотот „Шато Миравал“, каде се произведува наградуваното розе вино.

Имотот се простира на 1.300 хектари во Прованса, јужна Франција, а парот дури и се венча таму во 2014 година.

Врховниот суд во Лос Анџелес ги потврди тврдењата на Бред дека Џоли го продала својот удел без негова согласност, што таа се обиде да го отфрли.

Тоа значи уште една судска победа на страната на актерот, бидејќи судот ги отфрли наводите дека неговата тужба е „несериозна, злонамерна и проблематична“.

Битката за винаријата досега се водеше во судниците во Франција, Луксембург и Лос Анџелес.

Медиумите претходно објавуваа дека актерот бил шокиран кога Џоли ја продала својата половина од нивната винарија без заеднички договор на рускиот тајкун Јури Шефлер и неговата група Столи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK