Работата што ја работам во Макстил ме уверува дека можам и повеќе

eleonora jovanovska (2)
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Елеонора Јовановска е дипломиран електроинженер што веќе 3 години работи во Макстил на позицијата енергетски контролор. Одговорна е за најсуштинскиот и најважниот дел од работата на Макстил, со оглед на енергетската динамика во индустријата. Разговараме со Јовановска за изборот на професија, за изборот на компанија, како тоа се одрази врз неа, на какви предизвици наиде и како работата во ваква средина и индустрија ја дефинира.

 


  • По професија сте дипломиран електроинженер а работите како енергетски контролор во Макстил, какви обврски и задолженија опфаќа оваа позиција?

Енергетскиот сектор сам по себе наметнува многу и разновидни обврски. Условите и варијациите на овој пазар што се случуваат последниве години, дополнително ја зголемуваат потребата од максимална посветеност и ангажираност, но уште повеќе заради значењето и влијанието на енергенсите врз производството на Макстил. Така, моите обврски започнуваат од утврдување, планирање и координирање на потрошувачката на енергенси соодветно потребите во производство, како и дефинирање на дневни најави на електрична енергија и природен гас до трговците. Сепак, многу покомплексен дел од моите задолженија е анализирање на пазарите на електрична енергија и природен гас, следење на осцилациите што се менуваат од ден во ден и реагирање соодветно, следење на законите, регулативата и правилата за енергетика и делување проактивно со цел обезбедување на енергенси за непречено, континуирано и производство по поволна цена.

  • Што значи за вас работата во Макстил?

Работата што ја работам секој ден ме уверува дека можам и повеќе. Заради широкиот опсег задолженија и сериозноста на истите, работата на оваа позиција и во оваа компанија ми преставува многу повеќе од само професионална обврска, туку е и поттикнување и мотивирање на моите потенцијали и вистинска можност за личен и кариерен развој. Тоа е местото каде што го применувам своето знаење и со тоа создавам нешто продуктивно, постигнувам резултати. Работејќи ја оваа работа се стекнав со сертификат за тргување на берзата на МЕМО на пазарите каде што и Макстил учествува, а тоа е највисоко вреднување на моите компетенции. Односите со колегите во еден ваков работен амбиент е само во насока на зголемување и дополнување на придонесот и во остварувањето на целите на компанијата. Постигнувањето на тие цели, без разлика дали се тоа секојдневни достигнувања или поголеми проекти, ми претставува посебно лично задоволство во работата.

  • Дали овој вид работа ве смени како личност и како жена?

Да се работи во средина во која што доминираат мажите претставува предизвик, но воедно и можност за стекнување на поголема самодоверба. Истовремено, кршењето на стереотипите за жените во оваа индустрија и посебно во компанија како Макстил, ми даде уште повеќе мотивација да ги надминам предизвиците и да ги докажам моите способности. Да, ме смени на позитивно, направи да верувам во себе и во сопствените вредности.

  • Дали нешто би смениле во изборот на професија или во вашата кариера и што?

Во моментов не би го менувала мојот избор на професија или кариера. Сметам дека сум на правилниот пат и се чувствувам задоволна со работата што ја работам.

  • Какви се вашите амбиции и планови за иднина?

Поттикна од условите во кои работам и мотивирана од работата, моите амбиции и планови за иднина се насочени кон непрекинато учење и усовршување во областа на енергетската ефикасност. Преку мојата работа, целта ми е да продолжам да придонесувам кон намалувањето на трошоците поврзани со енергијата, а исто така и за одржливо користење на ресурсите. Ова е суштински дел од развојната стратегија на Макстил, па затоа би сакала моето знаење и компетенции да ги максимализирам и на тој начин сигурна сум дека ќе придонесам за позитивен ефект врз корпоративните активности на Макстил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK