Меган Маркл се врати на Инстаграм. Но, нејзиниот профил на социјалната мрежа не е како профилите на другите познати личности. Војвотката од Сасекс отвори профил на Инстаграм за нејзиниот нов бренд за животен стил – American Riviera Orchard.
Таа објави и видео на Инстаграм каде се гледа како прави букет бели рози и готви. Видеото е поставено со песната I Wish You Love од Ненси Вилсон.
Меган го лансира брендот со седиште во Монтесито како продолжение на нејзиниот стар блог, Тиг, каде пишуваше за начинот на живот, храната и модата, а го затвори откако се сврши со принцот Хари. American Riviera Orchard ќе се фокусира на домот, градината, храната и општиот начин на живот, пишува Harper’s Bazaar.
Пријател на Меган зборуваше за основање бренд минатата година. „Меган работи на создавање на нешто сигурно и безвременско. И нешто што нема да биде обвинето дека е на грбот на било што кралско“, рече нејзин пријател.