Вчера во 10.40 часот во СВР Скопје, 38-годишната Г.С.Б. од Скопје пријавила дека на 12.03.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник, извести МВР.
На 12.03.2024 во 22.15 часот во СВР Скопје, 38-годишната С.Ј. од Скопје пријавила дека околу 21.00 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба едно женско лице физички ја нападнало нејзината малолетна ќерка, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.