Генералниот секретар на НАТО денеска го објави годишниот извештај за 2023 година со детални податоци за распределбата на земјите членки за одбрана.
Минатата година беше деветта година по ред во која земјите-членки ги зголемија своите воени буџети вкупно и рекорден пораст од единаесет проценти. НАТО проценува дека европските членки на алијансата ќе инвестираат вкупно 470 милијарди американски долари во одбраната во 2024 година, што е еднакво на износот од два отсто од нивниот вкупен БДП и дека за прв пат две третини од членките ќе ја достигнат целта од два проценти.
Полска издвојува најмногу за одбраната во однос на својот БДП – 3,92 отсто, пред САД 3,24 отсто, Грција 3,05 отсто. Најмалку се издвојуваат Луксембург – 1,01 отсто, Шпанија – 1,24 отсто и Португалија – 1,48 отсто.
Американците трошат најмногу по глава на жител – 2101 долар (проценето за 2023 година), потоа Норвешка – 1445 долари, Данска – 1208, Финска – 1146 и Велика Британија – 1077 американски долари.