Вчера во 22.15 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле 18-годишниот К.Џ.Ф.С., 20-годишниот Т.А.Л. и 19-годишниот М.М.А., сите од Сојузна Република Германија, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.