Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 24-годишниот В.З. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, извести МВР.
„На 22.02.2024 во средно училиште во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетничка и ѝ нанел повреди“, соопшти МВР.