Земјотресот што ја погоди Црна Гора почувствуван од Скопје до Охрид

skopje-kameni-most-anketa-luge.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотресот од 5,3 степени што утрово околу 4 часот ја погоди Црна Гора бил почувствуван и во северните и југозападните делови од Македонија.


Според информациите од македонската сеизмолошка опсерваторија, потресот го почувствувале жителите на Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Нешто послабо, бил почувствуван и во Скопје, Куманово и Велес.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизвикано значителни материјални штети.

Потресот бил почувствуван во повеќе балкански држави, а засега нема пријавено материјална штета или човечки жртви. Жителите на Црна Гора велат дека долго време тресело и сите се разбудиле. По силниот земјотрес следеле 30 последователни потреси со помал интензитет.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK