Дрин Ахмети се повлекува од Соравија

Спасовски-за-внукот-на-Ахмети-МВР-ги-презеде-сите-активности.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети, кој е основач и сопственик на „Тор индустрис“ – компанијата што го купи трговскиот центар „Соравија“, ќе се повлече од раководната функција во компанијата до крајот на годинава.

Според соопштението „Тор индустрис“ , нов сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.

Се додава дека одлуката за повлекувањето на Дрин од позицијата доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од „Американ интернешенал холдингс“ во Тексас.

„ Интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите, се дополнува во соопштението“, се додава.

Компанијата на вкукот на Али Ахмети беше во фокусот на јавноста откако го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. Покрај „Тор индустрис“, Дрин Ахмети поседува и други бизниси.

Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција сѐ уште спроведува предистрага за тоа како без вложен денар, Ахмети стана сопственик на 39 отсто од акциите на трговскиот центар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK