Срѓан Цековиќ од Сеизмолошкиот институт на Црна Гора за РТС изјави дека секторот регистрирал земјотрес посилен од 5,43 степени според Рихтеровата скала кај Чароѓ.
Како што потврди тој, длабочината на земјотресот бил на 14 километри под земја. Цековиќ изјавил дека ваков земјотрес може да предизвика материјална штета.
„Имавме многу повици, имаше вознемиреност. Доброто е што епицентарот бил во ненаселено место“, вели Цековиќ.
Тој посочи дека во Србија земјотресот најмногу се почувствувал во околината на Нова Варош, Нови Пазар и Пожега.
Тој истакна дека главниот земјотрес бил проследен со уште 30 последователни потреси.
Како што рече, засега нема извештаи за материјална штета.
„Сите граѓани на Црна Гора и на целиот свет треба да научат да живеат со природни катастрофи, кога ќе се случи земјотрес нема место за паника“, вели Цековиќ.
Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и во цела Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Македонија.