„Умрев од страв“, „Сите не разбуди, долго време се тресеше“, силен земјотрес ја погоди Црна Гора

Screenshot-2024-03-14-061626.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Умрев од страв“, „Сите не разбуди, долго време се тресеше“, „Многу долг земјотрес“, велат граѓаните на Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои утрово во 04:06 часот ги разбуди многу силен земјотрес што ја погоди Црна Гора.

Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер е регистриран на подрачјето на Никшиќ, а во моментов нема информации за материјална штета, објавија црногорските медиуми.

По проценките беше соопштено дека нема опасност од цунами.

Земјотресот бил почувствуван се до Сараево, Дубровник и на многу други локации.

„Тресењето беше долго и силно“, сведочат жителите на Херцег Нови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK