ДиТеПер – Неколку прашања за Министерството за здравство!

vakcina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Веќе е трет ден откако на одредени деца им е забранет прием во градинките во државата.

Министерот даде изјава дека целосно вакцинирано дете се смета она кое има примено три дози ДиТеПер, а пак според кажувањата на градинките, истите добиле одлука од неговото министерство дека мора да има и ревакцини согласно возраста.


Реакциите пак од родителите не стивнуваат. Одлуката ја добиле попладне дека од следниот ден нивните деца нема да бидат примени во градинка. На некои им барале утрото да донесат потврди од вакциналните пунктови, а има и такви кои и покрај потврдите информација за тоа дали детето ќе биде примено добиле утрото кога ги донеле во градинка.

Добар дел од родителите се соочуваат со сериозни проблеми токму поради оваа хаотична ситуација. Велат дека мора да одат на работа а дека им претставува сериозен проблем чувањето на децата дома. Едноставно немаат кој да им ги чува.

Врз негувателките и останатите вработени во градинките, не по нивна вина, паѓа целиот притисок и гнев од родителите. Велат, жал ни е, но мораме да постапиме согласно одлуката. Ги разбираме родителите затоа што и ние имаме деца и некои од нас се соочуваме со истите проблеми. Поголемиот дел од родителите разговараат со нас и знаат дека не е наша вина, но има родители кои целиот бес го истураат врз нас.

Вакциналните пунктови се исто така под сериозен притисок од родителите. Освен големите гужви кои настанаа за издавање на потврдите, од докторите се бара да се превземе нешто за нивните деца да можат да одат во градника.

Ако го земеме во предвид искуството со Ковидот, оваа ситуација е навистина чудна и се прашуваме што навистина се случува?

Неколку родители до нас испратија потврди на кои се гледа дека децата се имунизирани и дури имаат мислење од доктор дека не смее пред одредена дата да се ревакцинира детето. Во едниот случај велат дека редовниот термин за третата доза им бил во септември, но детето фатило сипаници, па потоа во неколку наврати било болно и тек во февруари ја примило третата доза. Тоа значи дека и на време да ја примило третата доза, не би смееле сега да ја ревакцинираат!

Ако за целосно имунизирани се сметаат оние кои имаат три дози и ревакцина, дали тоа значи дека помалите дечиња кои ја немаат возраста за да бидат четири пати вакцинирани не се имунизирани и не смеат да одат во градинка?!

Логично е да се постави прашањето што е причината за разликите во изјавата на министерот и одлуката која ја донело неговото министерство врз основ на препораките од Комисијата за заразни болести?!

Дали има некаков проблем со вакцините? Дали е политичко препукување на грбот на граѓаните токму пред избори?! Зошто Комисијата не ги земала во предвид сите последици и негативни ефекти од нивната препорака?!

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK