(Видео) Маж кој во рацете имал ножеви, се заканувал во центарот на Љубљана

Screenshot-2024-03-13-182952.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во центарот на Љубљана, полицајци на специјалната единица онеспособиле маж кој во рацете имал два ножа.


Според информации на порталот „24ур“, полицијата со електрошокер се обидела да го онеспособи младиот човек, но безуспешно.

Пријавата ја добиле околу 15 часот и по пристигнувањето ја опколиле областа.

„Бараме сите да не се доближуваат до местото на интервенција и строго да ги следат упатствата на полициските службеници на лице место“, предупредиле во моментот на инцидентот од полициската управа Љубљана, но и покрај тоа, голем број луѓе се собрале на улицата да го набљудуваат инцидентот.

Мажот со ножеви ги нападнал полицајците, ги турнал и им се заканил. Човекот на крајот бил онеспособен од специјалната единица и однесен со брза помош.

Поради инцидентот, отежнат бил и патничкиот сообраќај во Љубљана, неколку лица биле принудени да останат во автобусите. Освен тоа, луѓето кои работеле во околните згради не можеле долго време да ги напуштат своите работни места.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK