Четворица тетовци и дете од Куманово краделе од „Македонија пат“, полцијата ги приведе

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера на регионалниот пат Тетово – Скопје, полицијата ги приведе: А.К.(23), Б.Н.(27), Н.К.(37) и И.К.(38), сите од Тетово, и малолетник од Куманово.



Тие биле затекнати на патот при извршување кражба, при што одзеле повеќе предмети сопственост на ЈП „Македонија пат“.

Одземеното било вратено на „Македонија пат“, а лицата се задржани во Полициската станица Тетово, објави МВР во дневниот билтен.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK