Белата куќа ги повика милитантите на Хамас да ги ослободат жените, постарите и ранетите заложници што ги држат во Појасот Газа и да прифатат привремен прекин на огнот во конфликтот со Израел за да се обезбеди траен прекин.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, им изјави на новинарите дека шестнеделниот прекин на огнот прифатен од Израел може да се претвори во траен прекин на непријателствата доколку Хамас ослободи жени, постари и ранети заложници, пренесе Ројтерс.
Саливан истакна дека Израел ги прифатил условите за шестнеделен прекин на огнот во замена за ослободување на некои од заложниците кои ги држел Хамас.
Хамас вели дека ќе прифати само траен договор за прекин на огнот кој вклучува повлекување на израелските трупи од Појасот Газа, а не уште едно привремено примирје.
Според последниот предлог, Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници во однос 10 спрема еден на бројот на ослободените заложници.
На 7 октомври Хамас зеде најмалку 200 заложници и уби околу 1.200 луѓе во напад на јужен Израел.
За време на еднонеделното примирје кон крајот на ноември, Хамас ослободи повеќе од 100 израелски и странски заложници во замена за ослободување на околу 240 палестински затвореници од затворите во Израел.