Блискиот соработник на Навални нападнат со чекан во Литванија

гр.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Леонид Волков, долгогодишен соработник на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални, бил нападнат со чекан во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави портпаролката на Навални, Кира Јармиш.

„Волков беше нападнат пред неговата куќа. Некој го скршил прозорецот од автомобилот и го испрскал со солзавец, по што напаѓачот почнал да го удира Леонид со чекан“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.

Таа објави и фотографии на кои Волков е со модринка на челото и раскрвавена нога и автомобил со оштетена врата и прозорец од возачката страна.

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, лидер на владејачката партија Татковинска унија, го нарече нападот шокантен. „Сторителите ќе треба да одговараат за своето дело“, напиша тој на X.

Литванската полиција соопшти дека е пријавен напад на маж пред неговиот дом и дека истражува. Полицијата ја опколи боровата шума во близина на домот на Волков во северното предградие на Вилнус, а полицајците беа видени како ја пребаруваат доцна вечерта во вторникот.

Поголемиот дел од политичката група на Навални, Фондацијата за борба против корупцијата (ФБК), која го вклучува Волков, живее во Литванија, членка на Европската унија и НАТО.

Алексеј Навални (47) почина на 16 февруари во казнена колонија северно од Арктичкиот круг.

Според властите, најжестокиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин се онесвестил за време на обиколката на затворскиот двор, а обидите за негово реанимација биле неуспешни.

Неговата сопруга и поддржувачите на опозицискиот политичар ги обвинуваат руските власти за убиството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK