(Видео) Британците претставија моќно ласерско оружје: „Ова може да промени се’“

b3a276c4-0191-4964-9050-cac9c7e97901-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Војската на Обединетото Кралство го изврши првото тестирање на високомоќен ласер против воздушни цели пред два месеци. Британското Министерство за одбрана објави дека најновото тестирање на системот DragonFire означува „голем чекор кон вистинската употреба на оваа технологија“.


DragonFire е оружје што може да ја пресретне секоја видлива цел со брзина на светлината, објавија тогаш.

Министерството додаде дека станува збор за оружје со висока прецизност што користи интензивен зрак светлина за да навлезе во целта, што резултира со структурен дефект или уништување.

Сега го покажаа првото видео објавено од британскиот министер за одбрана, Грант Шапс.

„Погледнете го првото видео од британското ласерско оружје DragonFire“, напиша тој, додавајќи дека оружјето уништува цели со брзина на светлината.

Во видеото се наведува дека новото оружје е моќно и евтино. Еден напад, според британското Министерство чини само десет фунти. „Ова може да промени сè кога станува збор за воздушната одбрана“, додаваат тие.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK