Воен транспортен авион Иљушин Ил-76 се урна за време на редовен лет во градот Иваново, на околу 250 километри североисточно од Москва.
Според првичните информации, авионот паднал на 2 километри од аеродромот.
⚡️Over the Russian city of Ivanovo, an Il-76 plane caught fire and probably crashed. pic.twitter.com/JjCOMczbjt
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) March 12, 2024
Очевидци тврдат дека авионот почнал да гори додека се уште бил во воздух.
The Il-76 plane crashed into a forest. Preliminary info states that 12 Russians were on board. pic.twitter.com/sWDy5aIIPp
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) March 12, 2024
Руските медиуми јавуваат дека ИЛ-76 „принудно слетал“ на гробишта во близина на селото Богородскоје. Во авионот имало 15 лица, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Околу 13 часот по московско време, за време на полетувањето, во Иваново се урна воен транспортен авион Ил-76.
Во него имало осум членови на екипажот и седум патници. Според првичните информации причина за катастрофата е пожар на еден на моторите“, додаваат тие.