„Политико“: Бајден ќе размисли за условување на воената помош за Израел во случај на инвазија на Рафах

677z381_bajden-israel.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе размисли за условување на воената помош за Израел доколку таа земја изврши голема инвазија на Рафах, во Појасот Газа, пишува „Политико“ повикувајќи се на четворица упатени американски претставници.

Според порталот, фактот што Бајден би го разгледал овој чекор ги одразува екстремните тензии во неговите односи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Иако Бајден не донел никаква одлука за ограничување на идните трансфери на оружје, официјални лица рекоа дека тој може да го стори тоа доколку Израел започне нова операција што дополнително ги загрозува палестинските цивили, пренесува медиумот.

Едно од официјалните лица, според написите истакнало дека Бајден „дефинитивно размислувал“ за задржување на помошта.

Бајден дал различни индикации за тоа што мисли за идната продажба на оружје на Израел, наведува „Политико“ и потсетува дека минатата година американскиот претседател ја нарече идејата за условување на воената помош „вредна за размислување“, пренесува Танјуг.

Во интервјуто што го даде викендов за американскиот „MSNBC“, Бајден, сепак, рече дека ќе продолжи да испраќа оружје во Израел, особено ракетниот одбранбен систем „Железна купола“, но во истото интервју нагласи дека масовните цивилни жртви во Газа за него се „црвена линија“ и дека не е можно да се дозволи да бидат убиени 30.000 Палестинци.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, во изјава за „Политико“ рече дека „нема да коментира шпекулации од анонимни извори или да додаде нешто на она што го кажа претседателот викендов.

Иако Бајден стана поотворено критички настроен кон операциите на Израел, позицијата на Нетанјаху многу малку се промени, а тој во неделата му кажа на Аксел Спрингер дека неговите сили ќе се преселат во Рафа, и покрај предупредувањата на американскиот претседател, наведува „Политико“.

Порталот додава дека повеќето аналитичари веруваат дека израелската инвазија на Рафах ќе се случи по Рамазан, но дека за Бајден останува најголемото прашање дали условеноста на воената помош би го принудила Израел да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK