Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е европска иднина со СДСМ и Пендаровски или враќање назад во изолација со Силјановска и ДПМНЕ, истакнуваат од СДСМ.
„Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.
Само со Пендаровски и СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди“, се додава во нивниот допис.
Затоа на претстојните избори граѓаните, како што оценуваат, ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.
„Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, велат од СДСМ.