Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќешното обраќање на претседателот Џозеф Бајден пред Конгресот го нарече „срам за Америка“ и оцени дека неговиот говор е „гневен“ и „поларизирачки“.
„Тоа беше можеби најлутиот, најмалку сочувствителниот, најлошиот говор на претседателот во Конгресот. Тоа беше срам за нашата земја“, изјави Трамп на социјалната мрежа „Social Truth“.
Тој посочи дека говорот на Бајден е исполнет со омраза, според „Њузвик“.
„Бајден речиси не го спомна прашањето за мигрантите или прашањето за најлошата граница во историјата на светот. Никогаш нема да го реши проблемот со илегалната миграција, ниту сака. Тој сака нашата земја да биде преплавена со мигранти. Криминалните дејствија ќе се искачат на нивоа што досега не биле видени, а тоа ќе се случи наскоро“, рече Трамп.
Бајден во четвртокот вечерта се обрати пред Конгресот, каде зборуваше за бројни актуелни теми, како во САД, така и во светот.