Реал со многу среќа и голема судиска помош се избори со Лајпциг во осминафиналето од Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ продолжи понатаму со вкупни 2:1, но по победата од 1:0 на гостински терен, опасно висеше во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“.
Лајпциг пропушти неколку големи шанси во првото полувреме. Во вториот погоди Винисиус иако пред тоа мораше да биде исклучен, но гостите потоа израмнија. Во судиското надополнување, Дани Олмо ја погоди гредата. Затоа навивачите на Реал со свирежи го испратија тимот.
Џејми Карагер, легендата на Ливерпул и коментатор на Си-би-ес спорт, вака зборуваше за исходот на мечот во Мадрид.
„Реал во четвртфиналето е благодарение на аурата на Бернабеу и големината на клубот, но тој е далеку под квалитетот на не само Манчестер Сити, туку и Интер и Арсенал, нема место во моментов меѓу најдобрите тимови во Европа“.