Полските земјоделци се судрија со полицијата која употреби солзавец на денешниот протест пред парламентот во Варшава. Илјадници земјоделци се собраа во полската престолнина, палејќи гуми и фрлајќи пиротехнички средства, барајќи прекин на евтиниот увоз и еколошките регулативи за кои тврдат дека го загрозуваат нивниот бизнис.
#FarmersProtest : Several police officers were injured in #Warsaw during clashes with protesting #farmers, according to the Polish police. There is no information about injuries among the farmers, although it is evident they occurred 🇵🇱🚜 pic.twitter.com/tddmHDylIH
— Voice of Europe 🌍 (@V_of_Europe) March 6, 2024
„Поради физичката агресија на дел од демонстрантите врз полицајците, неопходно беше да се применат директни мерки на присилба. Однесувањето кое ја загрозува безбедноста на нашите полицајци, вклучително и фрлањето камења кон нив, не може да се сфати лесно и бара цврста решителен одговор“, напиша варшавската полиција на платформата Х.
‼️🇵🇱💥 More from Warsaw. #FarmersProtest pic.twitter.com/57MSicVOrT
— Maimunka News (@MaimunkaNews) March 6, 2024
Од полицијата додаваат дека неколку полицајци се повредени, а десетина лица се уапсени. Сведок на Ројтерс на протестот видел дека полицијата употребила солзавец.
‼️🇵🇱🚜 Warsaw today. #FarmersProtest #Poland pic.twitter.com/38vRADmhWY
— Maimunka News (@MaimunkaNews) March 6, 2024
Локалните медиуми објавија снимки од неколку демонстранти кои се обиделе насилно да влезат на територијата на парламентот, пред да бидат спречени од полицијата. Претходно денеска, дел од демонстрантите носеа, а потоа запалија ковчег со натпис: „земјоделец, живеел 20 години, убиен од зелениот план“.
Демонстрантите ја окупираа улицата пред кабинетот на премиерот и свиреа пред да тргнат кон парламентот. Полската телевизија прикажа снимка од трактори на влезот во Варшава кои го блокираат патот до центарот на градот, како и блокади низ земјата.
🇵🇱 Several police officers were injured in #Warsaw during clashes with protesting farmers, #Polish police said.#Poland 🇵🇱#FarmersProtest2024 💥💥💥 pic.twitter.com/mLUruhhF1a
— Mahalaxmi Ramanathan (@MahalaxmiRaman) March 6, 2024
Земјоделците ширум Европската унија бараат укинување на ограничувањата од Зелениот план наменет за борба против климатските промени, како и воведување тарифи за увоз на земјоделски производи од Украина, кои беа укинати по руската инвазија.
Ова создава деликатна ситуација за владата на Доналд Туск во година кога ја чекаат локални и европски избори и во која се обидува да одговори на барањата на земјоделците, но и да ја задржи поддршката за Киев, според локалните медиуми.
Туск тврди дека нарушувањата на пазарот не се предизвикани само од производите од Украина, туку и од Русија и Белорусија. Во понеделникот тој најави дека Полска ќе побара од ЕУ да го забрани увозот од тие две земји и ги покани земјоделците на состанок во сабота.