Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило разбојништво.
Осомничениот, на 8 февруари, маскиран влегол во подружница на спортска обложувалница на улицата Охридска во Битола и со нож се заканил на вработената, барајќи и да му ги даде парите.
Вработената исплашена се повлекла, по што осомничениот влегол во внатрешноста на пултот за наплата, од фиоката одзел 65.000 денари и избегал.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.