Аеродромот во Брисел парализиран: oткажани повеќе од 30 летови поради штрајк на Луфтханза

Во-среда-голем-штрајк-во-германска-Луфтханза.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 30 летови на германската авиокомпанија Луфтханза до и од аеродромот Завентем во Брисел во периодот од средата навечер до саботата наутро беа откажани поради штрајк на персоналот на Луфтханза.


Откажани се летовите меѓу бриселскиот аеродром и германските градови Франкфурт и Минхен, пишува „Brussels Times“.

„Има шест лета до и од Минхен и 11 летови до и од Франкфурт. Ќе бидат откажани вкупно 34 летови. Не очекуваме да следат дополнителни откажувања“, изјавија за новинската агенција Белга на аеродромот во Брисел.

На иницијатива на синдикатот Верди, персоналот на Луфтханза денеска во 20 часот ќе започне 60-часовен штрајк.

Луфтханза претходно соопшти дека протестот ќе ги наруши плановите за патување за повеќе од 200.000 патници, на кои ќе им бидат понудени алтернативи или рефундирање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK