Половина од испитаниците вработени во Европскиот парламент доживеале психичко вознемирување, покажува истражување

evropski-parlament.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новото истражување на групата MeTooEP покажа дека повеќе од 550 вработени во Европскиот парламент, речиси половина од испитаниците, доживеале психичко вознемирување на работното место.


Истражувачите анкетирале 1.135 вработени меѓу јуни и август 2023 година за нивните искуства на работното место, а покрај психичкото вознемирување, 15,5 отсто од испитаниците изјавиле дека доживеале сексуално вознемирување, а 8,1 отсто физичко вознемирување.

Истражувањето исто така покажа дека 42,4 отсто од вработените во ЕП биле сведоци на некаков облик на вознемирување на работното место, пренесува Политико.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK