На 04.03.2024 во 12.00 часот на регионален пат Р1102, кај место викано Елград, полициски службеници од ОВР Неготино пронашле седум лица мигранти, од кои шест од Сирија и еден од Ирак, извести МВР.
Лицата биле предададени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.