Медведев: Амбасадорите на земјите од ЕУ да бидат протерани од Русија

677z381_677z381_677z381_15-65a7e103592e0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, смета дека поради нивното одбивање да се сретнат со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, амбасадорите на земјите од Европската унија (ЕУ) треба да бидат протерани од Русија, пишува Спутник.


„Амбасадорите на земјите од ЕУ во Русија одбија да се сретнат со рускиот министер за надворешни работи. Очигледно по совет на Брисел. Тоа е во спротивност со самата идеја за постоење на дипломатски претставништва и улогата на амбасадорите“, напиша политичарот на социјалната мрежа Икс.

„Всушност, сите овие амбасадори треба да бидат протерани од Русија и да се намали нивото на дипломатските односи со земјите од Европската унија“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK