Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

1698958259-11816417-1024x683.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Џеф Безос вчера ја понесе титулата за најбогат човек на светот, претекнувајќи го Илон Маск, според индексот на милијардери на „Блумберг“.

Нето богатството на основачот на Амазон беше 200 милијарди долари, а на Маск се проценува на околу 198 милијарди долари. Во текот на минатата година Маск загубил околу 31 милијарда долари, додека Безос 23 милијарди долари, пренесува „ Индекс.хр“.

Акциите на „Tesla“ вчера паднаа за повеќе од седум отсто. Маск ја врати титулата најбогат човек на светот во мај 2023 година, тргајќи го оод првото место извршниот директор на LVMH (LVMHF) Бернард Арно, кој е на чело на еден од најголемите светски конгломерати кој вклучува брендови како Луј Витон, Диор и Селин“.

Тројцата т.н „центимилјардери“: Маск, Арно и Безос се натпреваруваат за првото место со месеци. Арно ја држеше титулата додека неговото богатство растеше поради порастот на продажбата на луксузни стоки што помогна да се зголеми цената на акцијата на LVMH.

Титулата за најбогат човек на светот се менува на секои неколку месеци, во зависност од резултатите на пазарот. Маск и Арно се уште поседуваат големо богатство. Почнувајќи од 2020 година, нето вредноста на петте најбогати луѓе во светот вртоглаво порасна за 114 отсто на вкупно 869 милијарди долари, по сметката за инфлацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK