Шолц e против испраќањето ракети „Таурус“ во Украина aко тоа вклучува учество на германски војници

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја отфрли можноста за вооружување на Украина со проектили со долг дострел „Таурус“ доколку германските војници мора да бидат вклучени во употребата на тие ракети.



„Не можете да испорачате систем на оружје што има многу долг дострел без да размислувате како да го контролирате“, рече Шолц, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека е можно да се има контрола над оружјето само доколку со него управуваат германски војници.

„И тоа не доаѓа предвид“, рече Шолц.

Досега Германија се спротивставуваше на испраќање ракети Таурус во Украина, плашејќи се од директна конфронтација со Русија.

Сепак, ова прашање повторно се дискутираше откако руските медиуми минатата недела објавија 38-минутна снимка од разговор во кој германските офицери разговараат за техничките можности на крстосувачката ракета Таурус и дали германските крстосувачки ракети технички се способни да го уништат мостот на Крим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK