Драган Даниловски: Неопходен е интегриран систем на јавниот и приватниот здравствен сектор

dragan danilovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Во моментот, Македонија има делумно интегриран систем на државното и приватното здравство на ниво на примарната здравствена заштита (мрежа на здравствени установи). Меѓутоа, интеграцијата на државниот и приватниот сектор во здравствената заштита во Македонија е недоволна и неефикасна. Приватните болници сѐ уште претставуваат паралелен систем на јавниот. Потребно е да се воспостави еден единствен интегрален систем во кој нема да биде важна сопственоста. Затоа што сите вршат дејност од јавен интерес“, вели Драган Даниловски епидемиолог, универзитетски професор и поранешен министер за здравство во интервју за мкд.мк.

Одговарајќи на прашањето, дали можеби со ваквото нефункционално здравство се оди кон некој интегриран систем со приватното здравство? Што е потребно да се направи?


Според него интегрирањето на јавните и приватните установи може да донесе неколку предности.

“Поголем пристап до здравствени услуги – интеграцијата може да овозможи поголем пристап до здравствени услуги за граѓаните, особено за оние кои не можат да добијат потребна услуга во јавните здравствени установи. Подобро користење на ресурсите – интеграцијата може да помогне за подобро користење на ресурсите, вклучувајќи го лекарскиот кадар, опремата и финансиите. Подобар квалитет на услугите“ додава Даниловски.

Даниловски појаснува уште дека за успешна интеграција на јавното со приватното здравство, прво потребно е да се внесат измени во Законот за здравствена заштита и други законски акти и треба да се воведат стандарди за квалитетот на здравствената нега кои ќе бидат аплицирани и во државните и во приватните установи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK