Спасувачка акција на Попова Шапка: Повредена Австријка за време на скијање, пренесена е со хеликоптер

Popova-Shapka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спасена е туристка од Австрија која се повредила при слободно скијање кај месноста „Орлов Камен“ на Попова Шапка.


Повикот за незгодата стигнал на 112 во Центарот за управување со кризи во 14:20 часот. Заради сериозноста на повредата, а и други здравствени специфичности, не била во можност да се движи, па побаран бил хеликоптер за спасување за транспорт до болница.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, бил во директна комуникација со спасителите, а при комуникацијата со повредената австијка, таа информирала дека претходно имала операција на рбетниот столб и на него имала вградена метална шипка со штрафови.

„На местото на настанот пристигнал ратрак и луѓе за поддршка, но состојбата на повредената и комуникацијата со неа, индицирала дека транспортот со ратрак заради проблемот со ’рбетот од минатото, како и сегашната дополнителна повреда, би довел до поголеми компликации. Заради специфичноста на итниот случај за повредената бил побаран транспорт со хеликоптер од местото на настанот до болница во Скопје“, велат од ЦУК.

Пилотите од Хеликоптерската единица на МВР одговориле веднаш на барањето на Ангелов за интервенција и хеликоптерот веќе се враќа кон Скопје од Шар Планина. На повредената од почетокот на спасителната акција и е пружена прва помош, адекватно била покриена со фолија за да и се зачува топлината и се наоѓа во добра општа здравствена состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK